por.jpg
Првиот мед на Porsche веќе може да се набави во фабричката продавница во Лајпцих

Сите знаеме дека Porsche прави спортски и луксузни автомобили, но и дека одвреме-навреме знае да изненади со нешто друго. Но никој не очекуваше тоа да биде со мед. Имено, како дел од својата програма за одржлив развој, Porsche ја претвори околината на фабриката во Лајпцих во еколошки резерват со големина од 132 хектари во кој живеат понија, бикови, елени, зајаци, птици и пчели. Ги има 25 колонии со вкупно 1,5 милиони единки, кои веќе дадоа околу 400 килограми мед, кој под името Turbienchen може да се набави во фабричката продавница во Лајпцих. Цената за тегла од половина килограм изнесува 8 евра, додека соработниците ќе можат да го купат за 6 евра.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail