Porsche купи 10% удел во хрватската компанија Rimac Automobili

169fc83f93b36b464a0f4bcad1c50d891.jpg

Еден од најпознатите производители на автомобили во светот, Porsche, ќе инвестира во компанијата на младиот хрватски иноватор Мате Римац за да даде поддршка на неговата компанија, Rimac Automobili. Според изворите од Porsche, германската компанија ќе купи малцински удел од 10%.

Целта на ова партнерство е хрватската компанија да стане лидерски доставувач на технолошки решенија за пазарот на електрични автомобили со високи перформанси и производител на највозбудливите спортски електрични автомобили, пренесува SEEBiz.eu.

„За помалку од 10 години собравме значително знаење на полето на развојот на автомобилски погони со високи перформанси и батериски технологии, иновативни системи за инфотеинмент и телеметрија, како и други клучни автомобилски системи. Нашите автомобили престатвуваат врв на технологијата и односно го дефинираат поимот супер спортски автомобили“ се вели во соопштението од Rimac Autobomobili.

Додаваат и дека развојната соработка со Porsche AG е битен чекор за стратешкиот план на компанијата – да стане значаен доставувач за големите производители на автомобили.

Rimac со своето импресинво знаење ја потврди својата позиција во светот на електрични автомобили.Од Porsche сметаат дека идеите и пристапот на Rimac Automobili се исклучително добри, поради што се надеваат дека ова партнерство за развој ќе биде одличен вовед во поблиска соработка

Извор: inovativnost.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail