porse.jpg

Производителот на автомобили „Порше“ најави во неделата дека ќе се фокусира на електрични и хибрид-возила и дека повеќе нема да произведува дизел-мотори.

Минатата година само 12 проценти од глобалната продажба на „Порше“ беше од дизел-автомобили. Според портпаролот на компанијата, „Порше“ не нуди дизел-автомобили од февруари бидејќи побарувачката за нив се намалува, додека, пак, онаа за електрични возила брзо расте.

„Како резултат на ваквата промена, компанијата одлучи во иднина да не нуди возила со дизел-мотори“, изјавија од компанијата.

„Порше“ исто така го претстави и моделот „тајкан“, првиот целосно електричен модел од оваа компанија, кој ќе се натпреварува со „Тесла“ на пазарот на електрични возила.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail