IMG_1854.jpg

На 8 март 2019 година на Факултетот за ветеринарна медицна-Скопје е остварена средба со претседателот на Европската Федерација на Ветеринари (FVE) д-р Рафаел Лагуенс придружуван од претседателот на Ветеринарната комора д-р Томислав Николовски.

Деканот на ФВМС, проф. д-р Лазо Пендовски ја презентираше улогата на Факултетот во создавањето на новите кадри во државата и притоа ги нагласи можностите и капацитетите со кои располага Факултетот а со цел достигнувања на стандардите на ЕАЕВЕ (Европската Асоцијација на Ветринарни Естаблишменти).

Д-р Рафаел Лагуенс ја изрази подготвеноста и отворената подршка на Европската Федерација на Ветеринари (FVE) зеедно со останатите нинституции одговорни за ветеринарната едукација во Европа (ЕАЕВЕ и ОИЕ) да ги помогнат процесите за меѓународна акредитација на ФВМ-С која е заложба и стратешка цел на Факултетот.

По кратката средба, д-р Рафаел Лагуенс ги посети капацитетите во кои Факултетот ја реализира својата високообразовна дејност од областа на ветеринарната медицина, контролата на квалитетот и безбедноста на храната и благосостојбата и репродукцијата кај животните. Исто така беше посетена и Универзитетската ветеринарана болница во која студентите на ФВМС, идните доктори по ветеринарна медицина се здобиваат со знаења и вештини за грижа за здравјето кај домашните миленици.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail