medecina.jpg

Во Македонија доктор станува лице кое завршило медицински факултет чие траење е 6 години по чие завршување се стекнува со звање „доктор по медицина“. Како и во многу други држави за да може лицето самостојно да работи предуслов е да добие лиценца за што треба да полага стручен испит.

После студиите можно е да се продолжи со специјализација за одредена специјалност. Специјализацијата трае од 4 до 6 години во зависност од гранката на специјализација.

Но како стои понудата на пазарот на труд за оваа професија? Доктор на медицина 12 000 денари плата, чистач 14 000 денари плата?! Висината на платите на општите лекари и специјализантите за здравствените власти не се ни тема од интерес, велат од Здружението на Лекари специјализанти – ЗЛС. Тие при тоа наведоа оглас во кој се гледа висината на понудената плата на некои од општите работници во споредба со онаа на лекарите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail