–Јас го достигнав врвот во професионалните свет. Во очите на другите, мојот живот е олицетворение на успехот. Меѓутоа, освен работата, имал малку радости. На крајот богатството е само факт на животот на кој се навикнав.
Во овој момент, додека лежам на болничкиот кревет и си приспомнувам на целиот мој живот, сфаќам дека сите признанија кои ги земав со толкава гордост избелеле и станале безначајни пред лицето на претстојната смрт.
Во темнината, додека г гледам зелените светла на апаратите за одржување во живот и слушам механички звуци, јас го чувствувам здивот на Богот на смртта кој ми се доближува.
Сега знам, дека кога ќе стекнеме доволно богатство за целиот наш живот, треба да трагаме по други работи кои не се поврзани со богатството…Тоа треба да биде нешто многу поважно:
Можеби меѓучовечки односи, можеби уметноста, можеби сон од деновите на младоста…
Константно трагање по богатството ќе ја смени личноста во изобличено битие, како мене. Бог ни ги даде чувствата да ја почувствуваме љубовта во сечие срце, а не илузиите кои ни ги носи богатството.
Богатството кое го освои во животот не можам да го земам со мене. Тоа што можам да го земам се само спомените како резултат на љубовта. Тоа е вистинското богатство кое ќе ве следи, ќе биде покрај вас, ќе ви даде сила да си го осветлите патот и одите напред.
Љубовта може да патува илјада километри. Животот нема ограничувања. Одете каде сакате. Достигнете ги височините кои сакате да ги достигнете. Се е во вашето срце и во вашите раце.
Кој кревет е најскап на светот? –„Болничкиот кревет“.
Можете да вработите некого да вози автомобил за вас, да ви заработи пари, но не можете да имате некој да ја носи болеста за вас. Материјалните работи се губат и може да се пронајдат. Но постои една работа која не може да се пронајде кога ќе се изгуби, а тоа е „Животот“.
Кога човек оди во операциона сала, тој сфаќа дека пости една книга која допрва треба да ја заврши со читање – „Книгата на животот“.
Во која и фаза од вашиот живот да се наоѓате, со време ќе дојде и денот кога ќе мора да се соочите со тоа дека завесите се спуштаат.
Чувајте ја љубовта за вашето семејство, љубовната врска, љубовта за вашите пријатели…Чувајте се себе си. Грижете се за другите“.