mesec.jpg

Во вторник на 16 јули ќе се случи делумно помрачување на Месечината, тоа ќе биде последното лунарно помрачување во оваа година.

Помрачувањето ќе биде видливо за жителите на Австралија, Африка, Јужна Америка, како и во делови од Европа, а истото ќе ја заобиколи Северна Америка, односно ќе биде видливо само за најјужните делови на континентот.

Помрачувањето сепак ќе биде тешко видливо, затоа што висината на Месечината над хоризонтот, нема да биде поголема од една педа испружена рака.

Помрачувањето ќе започне во 22:01, а Месечината најмногу ќе биде прекриена со сенката на Земјата и тоа 65 отсто пречник во 23:31, а од неа ќе излезе во среда на 17 јули, еден час по полноќ.

Извор:курир.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail