Постои начин да откриете кога вашата сродна душа мисли на вас

1-postoi-nachin-da-doznaete-koga-vashata-srodna-dusha-misli-na-vas-kafepauza.mk_.jpg

Нашите души живеат во нашето физичко тело и тие патуваат низ времето и просторот, селејќи се од тело во тело. Притоа, тие ги напуштаат скршените срца и убавите врски од претходните животи што резултира со позитивна или негативна карма. Овие духовни врски се многу моќни и тешко е да се игнорира нивната сила, бидејќи нашите души љубеле претходно.

Сите ние остваруваме врски со повеќе од една сродна душа во текот на нашиот живот. Не само што среќаваме повеќе сродни души, туку и се разминуваме со изгубените души од нашите претходни животи. Кога ќе се случи ова, нашите души се вљубуваат и не можат да престанат да мислат една на друга.

Нашите души ги носат со себе негативните вибрации и кармата од нашите претходни животи, како и врските полни со радост. Тие можат да се сретнат со нашите пријатели, роднини или непријатели од претходните живот, кои се појавуваат за да ја исправат нашата карма. Ова може да биде тешко или лесно да се направи.

Постои една тајна која може да ви помогне да дознаете кога некој мисли на вас, но и да ги разберете и да се поврзете со мислите на таа личност. Кога мислите на некого на вообичаениот начин, тука нема ништо необично. Но, одеднаш чувствувате наплив на емоции како да сте во магла и не можете да престанете да мислите на некоја личност.

Обидете се да препознаете каде ја чувствувате таа енергија. Дали ја чувствувате во пределот на срцето и градите? Сигурно ви е познато ова чувство, но веројатно не сте му обрнале големо внимание.

Она што се случува во таквите моменти е вашето чувствување на туѓите мисли. Она што го чувствувате е она што другите го мислат и чувствуваат за вас во истиот момент. Тогаш вие доживувате силна духовна поврзаност и може да почувствувате различни емоции од екстремна тага и вина до мир и исполнетост.

Не заборавајте дека ќе можете да ги почувствувате овие мисли само кога ќе се поврзете со нечија енергија. Ако чувствувате голема тага, ќе ви помине. А ако доживувате силно чувство на мир и радост, можете да бидете сигурни дека постои некој што мисли прекрасни работи за вас.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail