Постојаното допирање на косата последица на опсесивно-компулсивниот карактер

timthumb-2.jpg

Лицата кои се опседнати со постојано допирање на кожата и на врвовите на косата, всушност имаат нарушување на контролата на импулсите, кое во медицината е познато како дерматиломанија и трихотиломанија.

Овие видови на опсесивно нарушување всушност се начин на кој некои луѓе се обидуваат да се изборат со анксиозноста и стресот.

Една британска хуманитарна организација продаваат нараквици кои можат да ја пренасочуваат енергијата. Таа ѕврди дека лица кои имаат трихотиломанија ја кубат косата, но и трепките, веѓите, влакната од брадата и околу гениталиите, па дури и влакната на домашните миленици.

– Тоа се посебни состојби и лицата со овие нарушување често ги кријат со шминка или со избегнување на контакт со очите. Трихотиломанијата главно тешко може да се сфати, па луѓето кои страдаат од неа често социјално се повлекуваат, тврди организацијата.

Една 34-годишна жена изјави дека навиката да ја кубе косата ја стекнала во тинејџерските години и ја задржала до денес, додавајќи дека не е горда на тоа што го прави, но дека не може да го спречи.

– Понекогаш ја допирам косата и во јавност, во автобус или на работа. Кога станав мајка го правев тоа додека го доев детето, покривајќи го со косата, вели таа.

Претседателот на Светското здружение на трихолози, доктор Дејвид Кингсли за „Индепендент“ изјави дека на луѓе со вакво нарушување им е многу тешко да престанат со тоа.

Меѓутоа, многумина веруваат дека накитот кој ја пренасочува енергијата тоа може барем краткорочно да го поправи.

Терапијата подразбира когнитивно бихевиорална терапија и хипноза. Без третирање на трихотиломанијата, таа може да стане опсесивна, а наводно овие нараквици помагаат.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail