Потоп на Волстрит – Најголем крах во историјата на берзата

volstritttt.jpg

Вчерашниот ден бил еден од најстрашните на Волстрит во последните години.

Акциите биле во слободен пад, откако Dow (Dow Jones Industrial Average) индексот паднал за речиси 1.600 поени, што е најголем пад во поени во историјата на еден ден.

Купувачите ја возвратиле и ограничиле штетата, но при затворењето на берзанскиот ден, индексот Dow и натаму бил во пад од 1.175 поени, што повторно е најлош резултат на овој индекс некогаш забележан при затворање.

Вкупниот пад изнесува 4,6 проценти, најголем пад од август 2011. година, во текот на европската должничка криза. Сепак, не е ни блиску до уништувањето предизвикано на таканаречениот Црн петок од 1987. година, или финансиската криза од 2008. година.

Сепак, тоа било алармантно.

А потопот на американските пазари продолжил да се шири по целиот свет. Јапонскиот индекс “Nikei” паднал за 4 проценти, додека “S&P/ASX 200” во Австралија паднал за 3 проценти.

Белата куќа вчера, по повод вестите дека индустрискиот индекс “Dow” на њујоршката берза имал најголем дневен пад од светската финансиска криза во 2008. година, реагирала со оценка дека “доаѓа до краткорочни флуктации на пазарот”.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Хакаби Сандерс, рекла дека Трамп е фокусиран на “долгорочни економски основи, кои и натаму се многу силни” и додала дека тие основи вклучуваат американски економски раст, невработеност на историски минимум и зголемување на платата на вработените.

Проблемите на пазарот започнале минатата недела, кога инвеститорите се загрижиле дека најавите за раст на инфлацијата и каматните стапки, заедно со рекордниот раст на пазарот, би можеле да ја исфрлат американската економија од шини. Енергетските компании, банки и индустриски компании од петокот имале најголеми загуби.

Зголемената инфлација може да ги потикне Федералните резерви побрзо да ја кренат каматната стапка, што би можело да го забави економскиот раст така што позајмувањето на пари би поскапело и за граѓаните и за претпријатијата. И приносите на обврзниците не биле високи како до сега. Тоа ги прави попривлечни за инвеститорите од вложување во акции.

Колку и да бил лош понеделникот, пазарот видел и многу полоши денови во текот на финансиската криза. Падот на индексот “Dow Jones” од 777 поени во септември 2008. година бил 7.0 проценти, далеку поголем од тој вчера. Акциите немале пад од 5.0 проценти уште од јуни 2016. година, кога Велика Британија гласала да ја напушти Европската унија. Акциите тогаш се опоравиле за само неколку дена.

Последниот пад од 10 проценти бил на почетокот на 2016. година, кога цените на нафтрата паднале бидејќи инвеститорите биле загрижени поради падот на глобалниот економски раст, кој можел значително да ја намали побарувачката. Во февруари таа година во САД цената на нафтата паднала на 26 долари за барел. Пад од 10% на Волстрит се смета за “корекција на цената”.

Доларот во понеделникот паднал од 110,28 јени на 109,70. Еврото паднало од 1.2451 долари на 1.2399 долари.

Паднале и цените на нафтата, па референтната американска нафта “WTI” чини 63,6 долари по барал по поевтинувањето од 2,8 проценти, додека британската нафта Брент од Северното море по поевтинувањето од 2 % чини 67,2 долари по барел.

Златото поевтинило за 80 центи на 1,336,50 долари по унца. Среброто паднало за четири центи на 16,67 долари по унца. Бакарот пораснал за 3 центи, на 3,22 долари по килограм.

Во Европа најзначајните индекси исто така биле во црвено.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top