Потпишан билатерален договор со Универзитетот Ото Фридрих Бамберг С.Р. Германија

An_der_Universit-t_2__J-rgen_Schabel_-_Universit-t_Bamberg_.jpg

Во Бамберг, Сојузна Република Германија се потпиша продолжување на претходно потпишаниот билатерален договор за соработка меѓу Универзитетот Ото Фридрих од Бамберг и Универзитетот Св. Климент Охридски Битола. На покана на ректорот проф. д-р д-р хабил.

Годехард Руперт и проректорот проф. д-р Себастијан Кемпген во Бамберг на Универзитетот во Бамберг гостуваа проректорот проф. д-р Светлана Николоска и советникот за меѓународна соработка д-р Валентина Илиева од УКЛО, кои остварија средби со раководството на германскиот универзитет и единиците на истиот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail