Потпишан Договор за поддршка на децата со пречки во видот, во вредност од еден милион долари

picture1500-1.png

Проектот на УСАИД и на Меѓународната фондација на клубовите Лајонс за децата со пречки во видот е имплементиран од Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) со финансиска поддршка од УСАИД и од Меѓународната фондација на клубовите Лајонс.

 

Главен фокус на проектот е да се обезбеди пристап до образованието за децата со оштетен вид и целосно ќе биде реализиран до 2020. За реализација на проектот предвидено е да се потрошат над милион долари, рече одговорниот на проектот, Шптим Латифи, предавач на УЈИЕ.

Главна цел на проектот е да се прошират образовните можности за децата со пречки во видот и да се обезбедат ран скрининг и превенција на очните болести. Проектот опфаќа образовни, медицински и социјални елементи. Во рамките на проектот беа отворени пет целосно опремени центри, лоцирани во пет поголеми града во Република Македонија (Скопје, Тетово, Велес, Штип и Битола). Во овие центри децата со пречки во видот ќе учествуваат на обуките.

Канцеларијата на проектот на УЈИЕ соработува со Здружението на офталмолозите на Македонија, Универзитетската клиника за очни болести во Скопје и со Клиниката за офталмологија „Систина“ за да се направи рано откривање и лекување на оштетувањата на видот на децата од предучилишна возраст. Статистичките податоци за децата со оштетен вид, понатамошните инструкции, следењето на случаите и други наоди се чуваат во електронскиот систем кој УЈИЕ го има развиено и сите релевантни институции имаат пристап.

Оваа иницијатива започна во 2014 година и сега се реализира втората фаза на проектот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail