Потпишан договор за соработка меѓу Битолскиот и Универзитетот во Сараево

dogovor.jpg

Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола и Универзитетот во Сараево потпишаа Договор за меѓууниверзитетска соработка.

На свеченост што се одржа во Сараево, ректорите, проф. д-р Сашо Коруновски и проф. д-р Рифат Шкријељ, истакнаа дека со документот се овозможува промовирање на академската, образовната и културната соработка помеѓу двете високообразовни установи.

Од УКЛО-Битола информираат дека во рамки на потпишаниот договор планирано е да се развива и институционална соработка низ различни форми, размена на наставнички, истражувачки и други кадри, соработка на студентите, посети, размена на искуства, предавања, заеднички вмрежувања, аплицирања и учества во европски и други образовни и научно-истражувачки фондови.

Во наредниот период ќе се изработи конкретна програма за организирање заеднички обуки, истражувања, конференции, симпозиуми, летни школи, семинари, работилници, како и размена на стручна литература, учебници и други универзитетески публикации.

Потпишаниот Договор за соработка меѓу Битолскиот и Универзитетот во Сараево е континуитет на претходно вопоспоставената соработка меѓу две членки, односно Факултетот за безбедност при УКЛО-Битола и Факултетот за криминалистика, криминологија  и безбедносни студии при УНИ СА.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail