Потпишан Договор за соработка меѓу ФТБЛ и СКТМ

6179256b0179e0aa2d9a19da45f15fc0_XL.jpg

Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД стана придружна членка на Стопанската комора за туризам на Р. Македонија, со што се отвораат можности за поширока соработка од која корист ќе имаат и факултетот и студентите кои студираат на него.

На 8.2.2017 година во просториите на наставниот центар на УГД во Скопје, деканот на Факултетот за туризам и бизнис логистика (ФТБЛ), Никола Димитров, и извршниот директор на Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ), г-ѓа Биљана Пејоска-Ристеска потпишаа Договор за соработка. Според Договорот, ФТБЛ стана придружна членка на СКТМ со што се создадени предуслови за започнување заеднички иницијативи за соработка.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail