Потпишан договор за соработка меѓу „Московската државна академија за ветеринарна медицина и биотехнологија – МВА К.И. Скрјабин“ и Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје

slika-2.jpg

Делагација од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, предводена од Деканот проф. д-р Лазо Пендовски, проф. д-р Велимир Стојковски и проф. д-р Деан Јанкулоски, остварија посета на Федералната државна буџетска образовна институција за високо образование во Москва, каде е потпишан договор за соработка меѓу „Московска државна академија за ветеринарна медицина и биотехнологија – МВА К.И. Скрјабин“, Москва, Руска Федерација и Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“’ во Скопје, Република Македонија.

Во договорот е предвидена соработка во областа на едукацијата преку заедничка подготовка на специјалисти, дипломанти, магистранти и докторанти во процесот на нивната едукација и научноистражувачка работа, како и мобилност на професори, соработници и студенти од областа на ветеринарната медицина. Договорот предвидува соработка во областа на научните истражувања преку размена на научни публикации и информации односно разработка на заеднички научноистражувачки програми и проекти од зеднички интерес, а во таа насока и користење на програмите од Европската Унија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail