Потпишан договор за соработка помеѓу ФЛУ Скопје и Свеучилиште Јосип Јурај Штросмајер од Осијек, Република Хрватска

61.jpg

На 17.09.2018 год. во просториите на Факултетот за ликовни уметности Скопје беше потпишан ДОГОВОР за соработка помеѓу Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј“ Скопје, Факултет за ликовни уметности Скопје претставувано од деканот проф. м-р Благоја Маневски и Свеучилиште Јосип Јурај Штросмајер од Осиек Академија за умјетност и културу, Осијек, Р. Хрватска претставувано од ВД деканката Хелена Саблиќ Томиќ.

Договорот се однесува на меѓусебна соработка, со развивање и поттикнување на културното и уметничко творештво преку уметнички и културни програми, поттикнување образовни, научно-истражувачки активности на полето на уметностите, организирање заеднички работилници и семинари, објавување заеднички научни и уметнички дела итн.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail