Потпишан договор за соработка помеѓу Универзитетот За Туризам И Менаџмент – Скопје и Универзитетот „Папата Јован Павле Ii” од Бјала Подласка

e366073a361ff1c3fce6df97298e8779_XL.jpg

Во функција на екстензивирање на меѓународната соработка, ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, проф. д-р Аце Миленковски потпиша договор за соработка со ректорот на универзитетот „Папата Јован Павле II”, проф. д-р Јозеф Бергер.

На средбата двете страни се договорија за интензивна соработка во областа на научно-истражувачката и едукативната дејност, размена на академски и наставен кадар, заедничка организација на научни конференции како и развој на меѓународни проекти.

Во знак на почеток на соработката ректорот на УТМС, проф. д-р Аце Миленковски, официјално стана член на Издавачкиот совет на научното списание Economic and Regional Studies, додека ректорот на универзитетот „Папата Јован Павле II”, проф. д-р Јозеф Бергер, официјално стана член на Издавачкиот совет на научното списание на УТМС, Journal of Economics.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail