crni-dupki.jpg

Истражувачи од универзитетот во Ново Мексико (UNM) направиле неверојатно откритие кое може да ни помогне подобро да ги разбереме не само црните дупки, туку и универзумот.

За прв пат, астрономите набљудувале и измериле две супермасивни црни дупки кои орбитираат една околу друга. Тие се на далечина од стотици милиони светлосни години од нас, што се покажало како перфектна дистанца за нивно оптимално набљудување од Земјата.

Тимот астрономи го користеле VLBA телескопот за да ги забележат траекториите на црните дупки и да потврдат дека тие навистина орбитираат една околу друга. Меѓутоа, нивната големина го прави орбиталниот период да изнесува 24 000 години, па така и со набљудување на овој бинарен систем повеќе од една деката, научниците сè уште немаат забележано никакво закривување во нивната орбита.

Според зборовите на научниците, овие орбитирачки црни дупки би можеле да не научат многу за универзумот, бидејќи супермасивните црни дупки имаат големо влијание врз ѕвездите околу нив како и врз растењето и еволуцијата на галаксијата, па така разбирањето за тоа што се случува кога тие ќе се спојат може да биде од исклучително значење за сето ова.

Тимот од UNM планира да ги набљудува овие црни дупки повторно за 3 или 4 години, за да ги потврдат нивните сегашни наоди и да добијат попрецизни информации во врска со нивната орбита.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail