Потврдено постоењето на временските кристали

vest_3_495x495461.jpg

Научниците потврдија – временските кристали навистина постојат. Работата на истражувачките тимови од Харвард Универзитетот и од Универзитетот во Мериленд која била објавена во научен журнал конечно била рецензирана и резултатите биле потврдени како вистинити.

Харвардскиот тим имал креирано вештачки решетки во синтетички дијамант, додека оној од Мериленд работел на синџир од наелектризирани честички наречен итербиум јони.

И двете студии се развивале врз теориите за временските кристали развиени во Принстон Универзитетот. За разлика од конвенционалните кристали, временските кристали се решетки кои се повторуваат не само во просторот туку и во времето, кршејќи го она што е познато како симетрија на преведувањето на времето. Временскиот кристал е квантен феномен бидејќи во него има движење иако е статичен и при состојба со најмала енергија. Со други зборови, тој се движи без притоа да троши енергија и не припаѓа на термалниот еквилибриум – тој е еден од првите примери на не-еквилибриумска фаза на материјата.

Оваа чудна материја која за прв пат била предложена дека постои во 2012-та од физичарот и Нобеловиот лауреат Франк Вилсек се сметала само за теоретски возможна сè до септември 2016-та, а веќе во октомври 2016-та се случило создавањето на првиот таков кристал.

Потврдените студии од двата тима истражувачи отвораат можност за апликација на овие кристали во квантните компјутери, иако тоа ќе биде изводливо не сега, туку во (се надеваме) блиската иднина.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail