Повеќе не ни требаат офталмолози – со овој гаџет– сами ќе си го проверуваме видот

EyeQue-VisionCheck-e1543170874984.png

Компанија од Калифорнија направи уред кој ќе ве спаси од долгото чекање на преглед кај офталмолог во државна болница и од скапите прегледи во некоја приватна клиника. Станува збор за уредот EyeQue VisionCheck, автоматизиран оптички уред осмислен за корисниците сами да можат да си ја проверат дипотријата и истовремено да нарачаат очила преку апликацијата.

VisionCheck е комбинација од технологија развиена на МИТ, платформа базирана на складирање во облак, апликација за паметен телефон и оптички уред за да се создаде гаџет кој е најблиску до апаратите кои ги користат офтламолозите во своите ординации.

Доволно е да го ставите уредот на паметниот телефон, да го поврзете со Bluetooth и да ја стартувате апликацијата. VisionCheck моментално собира средства за старт на производството преку кампања за групно финансирање на Indiegogo и за само неколку дена собра повеќе од 60% од бараниот износ. Којзнае, можеби наскоро, наместо одење кај офталмолог, едноставно ќе си го провериме видот со помош на паметен

 

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail