Повеќе од 10 чаши вино неделно го скратуваат животниот век за две години

vino.jpeg

Selection of wine for tasting, copy space

Едно од најголемите истражувања околу штетните дејства на алкохолот, утврди дека консумирањето на вино или пиво, повеќе од една чашка дневно, го скратува животниот век и носи сериозни здравствени ризици, пишува „The Independent“.

Препорачаната граница во Велика Британија е до пет чашки вино или пиво неделно, а секој кој пие повеќе од таа граница, како што стои во објавеното истражување, ризикува да заболи од тешки болест проследени со скратување на животниот век.

Консумирањето на повеќе од десет чашки вино неделно го намалува очекуваниот животен век за две години, а оние кои пијат по 17 или повеќе чашки неделно го намалуваат својот животен век за пет години.

Истражувањето опфатило 600 илјади алкохоличари во 19 земји, а откако беше објавено, авторите повикаа на глобално намалување на препорачаните граници за алкохол, тврдејќи дека и консумирањето на алкохол во „безбедни количини“ претставува ризик.

Истражувањето е објавено во медицинскиот магазин „The Lancet“, со докази дека луѓето, кои пијат умерена количина, имаат 20 отсто понизок степен за безбедност од срцеви напади.

Докторката Ангела Вуд од универзитетот Кембриџ вели дека консумирањето на алкохол, сепак, мора да биде балансирано со другите навики за да се спречат заболувања од смртоносните кардиоваскуларни болести.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top