Повик на УНЕСКО за номинација за доделување на Калинга – награда за популаризација на науката за 2021 година

UNESCO-Juan-Bosch-Prize-for-the-Promotion-of-Social-Science-Research.png

Повик на УНЕСКО за номинација за доделување на Калинга - награда за популаризација на науката за 2021 година

УНЕСКО ги поканува државите – членки да достават предлози за кандидат за наградата Калинга за популаризација на науката за 2021 година. Подетални информации за процесот на номинација се дадени на следниот линк: https://en.unesco.org/prizes/kalinga, со напомена дека секоја држава – членка може да номинира само по еден кандидат.

За евентуалниот кандидат од Република Северна Македонија за оваа награда, треба да се информира Националната комисија за УНЕСКО најдоцна до 5 мај 2021 година, со цел да биде испочитуван наведениот термин за доставување на кандидатурата до УНЕСКО – 17 мај 2021 година.

Извор: МОН

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail