Повик на УНЕСКО за номинација за наградата за образование на девојки и жени за 2021 година

UNESCO-Juan-Bosch-Prize-for-the-Promotion-of-Social-Science-Research.png

Повик на УНЕСКО за номинација за доделување на Калинга - награда за популаризација на науката за 2021 година

УНЕСКО ги повикува земјите членки да поднесат свои номинации за наградата за образование на девојки и жени за 2021 година. Наградата е воведена во 2015 година и има за цел да оддаде признание на индивидуалци, групи или организации кои имаат реализирано проекти во кои е нагласено образованието на девојки и жени.

Кандидатурите, односно образложението за наградата и формуларот за номинација, се поднесуваат единствено преку Перманентните делегации на државите – членки во УНЕСКО и тоа преку он-лајн платформата на УНЕСКО: http://unesco.org/gwe , најдоцна до 26 мај 2021 година.

Со цел навремено доставување на евентуалните кандидатури од Република Северна Македонија, потребно е сите заинтересирани предлозите да ги достават до Националната комисија за УНЕСКО во електронска форма, најдоцна до 17 мај 2021 година , со цел истите да бидат доставени до нашата Перманентна делегација во Париз.

 Call for nominations for the 2021 UNESCO (EN)

 Call for nominations for the 2021 UNESCO (FR)

Извор: МОН

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail