Повик на УНЕСКО за стипендии „Големиот ѕид“ поддржани од Владата на НР Кина

UNESCOPeople-s-Republic-of-China-The-Great-Wall-Co-Sponsored-Fellowships-Programme.jpg

Ве известуваме дека рокот за поднесување на апликации во рамки на Програмата за стипендирање на УНЕСКО – „Големиот ѕид“, поддржана од НР Кина е одложен до 30 април 2020 година.

Стипендиите во одредени кинески универзитети се со времетраење од една година, а се наменети за зајакнување на капацитетит во областите на културата, комуникацијата, науката и технологијата. Детални информации за условите на повикот можат да се најдат на следната веб страна:

http://www.unesco.org/new/en/fellowships/programmes/unescopeoples-republic-of-china-the-great-wall-co-sponsored-fellowships-programme/

Со цел Националната комисија за УНЕСКО да ги достави апликациите на евентуало заинтересираните кандидати од нашата земја, пополнетите формулари во електронска форма треба да се достават најдоцна до 24 април на следниве електронски адреси: [email protected]; [email protected]; [email protected]

Апликациите истовремено треба да се достават и во хартиена форма на следната поштенска адресата: Министерство за култура – Национална комисија за УНЕСКО, Ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 61, 1000 Скопје

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail