Повик за аплицирање за Европската награда за најдобри наставници од областа на општествените и хуманистичките науки

univerzitet.jpg

Традиционално, по седми пат, Централниот европски универзитет објави повик за аплицирање за Европската награда за најдобри наставници од областа на општествените и хуманистичките науки. Наградата вклучува и паричен износ од 5000 евра, износ дониран од Стивен и Линда Динер, во спомен на Илона Динер.

Наградата е основана во 2011 година, по повод 20-годишнината од основањето на Централниот европски универзитет. Наградата е наменета за академски кадар од областа на општествените и хуманистичките науки во Европскиот високообразовен простор

Рокот за аплицирање за наградата е 15 јануари 2018 година, а повеќе информации во однос на наградата, како и линк до повикот, може да се добијат со пристапување на следнава интернет-страница: https://ctl.ceu.edu/awards

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail