ПОВИК за аплицирање за мобилност во рамките на ERASMUS+ Програмата Академска 2020/2021

POVIK-za-apliciranje-za-mobilnost-vo-ramkite-na-ERASMUS-Programata-Akademska-20202021.png

ПОВИК за аплицирање за мобилност во рамките на ERASMUS+ Програмата Академска 2020/2021

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

 ПОВИК

за аплицирање за мобилност во рамките на

ERASMUS+ Програмата

Академска 2020/2021

(пролетен семестар)

Врз основа на Известувањето од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за резултатите од селекцијата и одобрувањето за финансирање на апликацијата за 2020/2021 година во рамките на Програмата Еразмус+,

УКЛО објавува 

Повик

За аплицирање за  

мобилност во рамките на Е+ Програмата

Клучна акција 103: индивидуална мобилност за учење,

Високо образование:

– мобилност на студентите за студирање (SMS)

– мобилност на студенти за стажирање (SMP)

– мобилност на академски кадар за настава (ЅТА)

– мобилност на кадри за обука (ЅТТ)

 
Времетраење на мобилноста

1. За студенти: еден семестар (студентите може да реализираат мобилност од збирно 12 месеци по циклус)

2. За кадри: пет работни денови со минимум осум часови настава

За академската 2020/2021, мобилноста на студентите и кадрите треба да се реализира најдоцна до 30 септември 2021 година.

Врз основа на потпишаните Е+ интеринституционални договори со партнерски институции од програмските земји, право на пријавување имаат:

– редовни студенти на прв циклус (со запишан најмалку трет семестар во моментот на започнување на  мобилноста), втор или трет циклус, за мобилност за студирање, а за стажирање и студенти што дипломирале во годината на објавување на Повикот

– академски и други кадри во редовен работен однос на УКЛО.

Студентите и кадрите се пријавуваат на мобилност исклучиво врз основа на договорите потпишани од нивните матични институции.

Потребни документи за пријавување на студенти

  • Пополнет формулар за пријавување
  • Потврда за редовен студент
  • Уверение за положени испити
  • CV (Europass формат)
  • Мотивационо писмо

Потребни документи за пријавување на кадри

  • Пополнет формулар за пријавување
  • Потврда за редовен работен однос
  • CV (Europass формат)

Сите документи се достапни на web страната на УКЛО (www.uklo.edu.mk) во рубриката Меѓународна соработка/Еразмус+.

Рок за пријавување (исклучиво за мобилност во текот на пролетниот семестар): 15 октомври 2020.

Извор: УКЛО

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail