Повик за апликации на Европската комисија (EAC/S54/2019) – Мобилност во стручното образование и обука за земјите од Западен Балкан

EU_investment_budget_for_2020_A_boost_for_the_climate_48948126881.jpg

Европската комисија – Директорат за образование, млади, спорт и култура објавува јавен повик за апликации за мобилност во стручното образование и обука. Главната цел на вториот пилот повик е да придонесе кон подобрување и модернизација на системите за стручно образование и обука во земјите на Западен Балкан како и да ја зајакне врската помеѓу стручното образование и пазарот на трудот.

Вид на активности:
– Мерки за мобилност кои вклучуваат идентификација на таргет група на вработени, менаџери и ученици, подготовка на програми за обука со очекувани резултати од учење и селекција на учесници
– Активности за мобилност како:
Мобилност на ученици во провајдери на стручно образование и обука и/или компании во странство од 2 недели до најмногу 3 месеци
Подолгорочна мобилност на ученици во провајдери на стручно образование и обука и/или компании во странство (Еразмус Pro-type mobility 13) од 3 до 12 месеци
– Мобилност на кадарот, вклучително:
Предавање /обука во странство – оваа активност им овозможува на вработените во провајдерите за стручно образование и обука да предаваат во партнер провајдер во странство. Исто така им овозможува и на вработените во компанија да држат обука кај провајдер за стручно образование и обука во странство
Обука на кадарот во странство – со оваа активност се поддржува професионалниот развој на наставниците за стручно образование и обука преку упатување на работа или опсервација во компанија или кај друг провајдер за стручно образование и обука во странство
Времетрањето на мобилноста на кадарот за оваа намена зависи од типот на активноста и е ограничена до најмногу 3 месеци
– Конференции, семинари
– Обуки
– Комуникациии, активности за подигнување на свесноста и споделување на информации на национално и регионално ниво
– Активности за создавање и развој на мрежи и размена на добри практики
– Мапирања, анализи и истражувања за најдобрите практики за развој на идни сеопфатни програми за мобилност во стручно образование и обука

Крајниот рок за аплицирање е 17 јуни 2020 (до 12:00 часот)

Повеќе детали за повикот и можностите за аплицирање може да најдете на следниот линк:

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail