Повик за апликации од Мировен корпус Северна Македонија

mon.jpg

Мировен корпус Северна Македонија го отвори повикот за апликации од училишта, невладини организации, општини и останати организации фокусирани на развој на заедниците. Ги поттикнуваме сите организации што би сакале да работат со волонтер на Мировен корпус да испратат апликациja.

Волонтерите на Мировен корпус им помагаат на организациите низ Северна Македонија од основањето на Мировен корпус во 1996 година. Секоја година, во декември, околу 50 волонтери од САД започнуваат соработка со локални училишта, невладини организации, општини (или комбинација од сите) за да помогнат каде што е потребно и да ги подобрат нивните капацитети.

Волонтерите на Мировен корпус работат во три клучни програми:

1. Развој на заедниците

2. Англиски јазик

3. Инклузивно образование

Апликациите за волонтер можат да се испратат најдоцна до 10 април, 2020 година:

2020 PCV Application (Македонски)
2020 PCV Application (Албански)
За повеќе информации околу процесот на аплицирање, контактирајте pcv.mk@peacecorps.gov.

Ако сакате да дознаете повеќе за она што го работат волонтерите, Facebook page.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail