ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ ОД ПРОГРАМАТА ЛОСТ

ISKORISTETE-JA-MOZNOSTA-I-BIDETE-STIPENDIST-NA-EVN-MAKEDONIJA.jpg

ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ ОД ПРОГРАМАТА ЛОСТ

ЕВН Македонија АД, Скопје распишува конкурс за доделување стипендии за студенти од Технички Факултет-Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, Енергетските насоки на Факултетот за Електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методи“-Скопје, и Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип,  кои во рамките на семејството имаат месечни приходи помали од 29.000 денари.

Оваа година ќе бидат доделени 10 (десет) стипендии на студенти кои во учебната 2020/2021 се запишуваат по првпат во I, II, III и IV година на Технички Факултет-Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, Енергетските насоки на Факултетот за Електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методи“-Скопје, и Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

Стипендијата е во висина од 8.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од исполнувањето на обврските пропишани во Договорот за стипендирање.

Обврски на корисникот на стипендијата:

  • Да ја завршува годината во рок
  • Да има положено најмалку 70% од испитите од претходните години за продолжување на стипендијата
  • Да извршува пракса во траење од најмалку 30 дена во текот на годината во ЕВН Македонија АД Скопје, односно во Друштвата во кои ЕВН Македонија е единствен содружник и основач 

Потребни документи за аплицирање:

  • Кратка биографија 
  • Потврда за редовeн студент 
  • Потврда дека месечните приходи во рамките на семејството не се поголеми од 29.000,00 ден
  • Изјава дека не сте корисник на стипендија или кредит од друга институција или компанија
  • Есеј на тема „Мојата иднина како електро-инженер“

Сите потребни документи испратeтe ги на [email protected] најдоцна до 30.09.2020

Извор: УКЛО

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail