ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ТРУДОВИ за ЧЕТВРТИ БРОЈ на STUDENT’S SOCIAL SCIENCE JOURNAL

906ee85c30e6c4b7b42b578f7ac39e71_XL.jpg

Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, го објавува повикот за доставување на трудови за четвртиот број на списанието Student’s Social Science Journal наменет за студентите запишани на прв, втор и трет циклус на студии.

Списанието е од областа на правните, политичките и социолошките науки и во него може да се објавуваат стручни и научни ракописи. Во списанието може да се објавуваат трудови на македонски, англиски, руски, српски, хрватски и италијански јазик. Списанието има меѓународен уредувачки одбор и е отворено и за странски студенти. Списанието се објавува два пати годишно, во април и во октомври. Списанието може да се најде на http://js.ugd.edu.mk/index.php/sssj.

Во овој број на списание ќе има посебна секција посветена на превенција од дискриминација, борба против говор од омраза и криминал од омраза.

Котизација за објавување на трудови изнесува 20 евра во денарска противредност, и трудовите треба да бидат проследени со препорака за објавување од страна на професор од Универзитетот од којшто доаѓа авторот – студент. Студентите кои се запишани на Универзитетот “Гоце Делчев“ – Штип се ослободени од плаќање.

Повикот за доставување на трудови за четвртиот број на Student’s Social Science Journal e до 1 септември 2017. Трудовите треба да се достават на [email protected].

Правилата за изработка на трудовите се составен дел на овој повик.

За дополнителни информации обратете се на [email protected] или на [email protected].

Правен факултет,

Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип

 

call for papers SSSJ 2017 (.pdf)

INSTRUCTIONS FOR AUTHORS SSSJ (.pdf)

упатство за изработка на трудови во Students social science journal 2017 (.pdf)

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail