ПОВИК за доставување на трудови за Годишен зборник на Правен факултет бр. 9

667f0bd8cc1b5671ad4f8bbe722f4deb_XL.jpg

Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип објавува Повик за доставување на трудови за деветтиот број на Годишен зборник на факултетот. За таа цел ве покануваме и ве охрабруваме да придонесете со ваш ракопис во овогодишниот број на зборник.

Годишниот зборник промовира ракописи од областа на правото, политичките науки и социологијата и е отворен за автори кои доаѓаат од академската заедница, вклучувајќи студенти запишани на трет циклус студии. Годишниот зборник има меѓународен уредувачки одбор и трудовите може да се објавуваат на македонски, англиски и руски јазик.

Правилата за изработка на трудовите се составен дел од овој Повик.

Повикот за доставување на трудови е отворен до 1 октомври 2019 г. и трудовите треба да бидат доставени по електронска пошта на [email protected]

За повеќе информации обратете се на: [email protected]

Правила за изработка на трудови .pdf

Со почит,

Правен факултет,

Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail