Повик за искажување на јавен интерес за доставување барања за одобрување учебници по странски јазици во основно образование

mon.jpg

Врз основа на член 13 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на РМ„ бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА – Педагошка служба, објавува

ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС
за доставување барања за одобрување учебници по странски јазици
во основно образование

 

Предмет на јавниот повик:

Доставување барање за одобрување на учебници по странски јазици на деветгодишно основно образование за следните наставни предмети:

1. Англиски јазик (прв странски јазик) за II одделение на деветгодишно основно образование,
2. Англиски јазик (прв странски јазик) за III одделение на деветгодишно основно образование,
3. Англиски јазик (прв странски јазик) за IV одделение на деветгодишно основно образование,
4. Англиски јазик (прв странски јазик) за V одделение на деветгодишно основно образование,
5. Англиски јазик (прв странски јазик) за VI одделение на деветгодишно основно образование,
6. Англиски јазик (прв странски јазик) за VII одделение на деветгодишно основно образование,
7. Англиски јазик (прв странски јазик) за VIII одделение на деветгодишно основно образование,
8. Англиски јазик (прв странски јазик) за IХ одделение на деветгодишно основно образование,
9. Француски јазик (втор странски јазик) за VI одделение на деветгодишно основно образование,
10. Француски јазик (втор странски јазик) за VII одделение на деветгодишно основно образование,
11. Француски јазик (втор странски јазик) за VIII одделение на деветгодишно основно образование,
12. Француски јазик (втор странски јазик) за IХ одделение на деветгодишно основно образование,
13. Руски јазик (втор странски јазик) за VI одделение на деветгодишно основно образование,
14. Руски јазик (втор странски јазик) за VII одделение на деветгодишно основно образование,
15. Руски јазик (втор странски јазик) за VIII одделение на деветгодишно основно образование,
16. Руски јазик (втор странски јазик) за IХ одделение на деветгодишно основно образование,
17. Германски јазик (втор странски јазик) за VI одделение на деветгодишно основно образование,
18. Германски јазик (втор странски јазик) за VII одделение на деветгодишно основно образование,
19. Германски јазик (втор странски јазик) за VIII одделение на деветгодишно основно образование,
20. Германски јазик (втор странски јазик) за IХ одделение на деветгодишно основно образование.

Барање за одобрување учебник по странски јазици може да побара:домашен издавач, како и издавач од друга држава во која е регистриран за издавачка дејност, преку законски застапници во Република Северна Македонија.

Кон барањето заинтересираните домашни издавачи, односно издавачи од друга држава во која се регистрирани за издавачка дејност преку законски застапници во Република Северна Македонија задолжително доставуваат:

– Доказ за регистрирана издавачка дејност во Република Северна Македонија за домашниот издавач односно за законскиот застапник на странскиот издавач, не постар од 3 (три) месеци од денот на издавањето;

– Доказ за регистрирана издавачка дејност за странскиот издавач од државата во која е регистриран, не постар од 3 (три) месеци од денот на издавањето во оригинал или заверена копија од овластен орган, преведена од овластен судски преведувач во Република Северна Македонија;

– Овластување издадено од странскиот издавач за законскиот застапник во Република Северна Македонија, не постаро од 3 (три) месеци од денот на издавањето во оригинал или заверена копија од овластен орган, преведена од овластен судски преведувач во Република Северна Македонија;

– Договор склучен помеѓу странскиот издавач и законскиот застапник во Република Северна Македонија или Изјава од домашниот издавач односно законски застапник во Република Северна Македонија дека одобрениот учебник ќе го дистрибуира во наредните 5 (пет) учебни години, во оригинал или заверена копија од овластен орган, преведена од овластен судски преведувач во Република Северна Македонија;

– Учебник/ците по странски/те јазици се доставува/ат во 5 (пет) примероци во печатена форма (во колор), посебно за секое одделение.

Рокот за доставување на учебници по странски јазици е заклучно со 10.04.2020 година.

Заинтересираните издавачи може да ги превземат наставните програми и Концепцијата за изработка на учебникот од веб страната на Бирото за развој на образованието www.bro.gov.mk

Ненавременото доставено барање и/или некомплетно доставената документација нема да се земат во предвид.
Барањето за одобрување на учебници по странски јазици да се достави на следната адреса

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail