Povik_za_Letna_Skola_Bidi_Bankar.jpg

КРЕДО Центарот при Универзитетот „Св. Климент Oхридски“-Битола во соработка со Охридска банка – Societe Generale Group, ги мотивира сите студенти кои се во завршна година на ПРВ циклус студии или студенти на ВТОР циклус студии, да аплицираат за учество на летната школа „БИДИ БАНКАР“.

Летната школа ќе се реализира во Охрид во периодот од 01 до 26 Јули 2019 година во Охрид.

Концептот на летната школа е интерактивен со практични и тематски предавања, работилници, обуки за меки вештини и многу други активности кои ќе им помогнат на младите потенцијални кадри да се стекнат со професионално искуство и да го развијат својот потенцијал за понатамошен работен ангажман.

Вашите CV-а, доставете ги на најдоцна до 31.05.2019 година преку порталот: https://bidibankar.mk/letna-shkola-bidi-bankar/

Трошоците за храна и престој се покриени од страна на организаторот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail