Повик за младинска размена во Македонија!

Youth-Exchange-FEED-2-1536x1536-1.jpg

Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (18-30 години) и 1 лидер на групата (+18 години) од Македонија за учество на mладинската размена „NO Hate Speech: Step 2“ во Македонија.

Место: Љубојно, Македонија
Датум: 11 – 20.6.2022

За проектот:

No Hate Speech / Без говор на омраза: Зголемување на компетенциите на младите за користење медиумски алатки за борба против говорот на омраза: Чекор 2 е втората активност од проектот „No Hate Speech“. Првата тукушто заврши во Данска, при што Волонтерски Центар Скопје имаше шестмина свои претставници.

Младинската размена ќе ги поттикне младите да се осврнуваат на „онлајн“ и „офлајн“ говорот на омраза и да ги зголемат нивните компетенции за користење медиумски алатки за борба против говорот на омраза.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот: EUCMC Aarhus

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: [email protected]
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “NO Hate Speech: Step 2“)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
  • Кој сте вие?
  • На која возраст сте?
  • Зошто сакате да учествувате?
  • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 01.06.2022 

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail