Повик за набљудувачи на студентските избори на УКИМ

Filozofski-i-Filoloshki-Fakultet-na-UKIM-702x336.jpg

Младински образовен форум (МОФ) објави повик за 25 набљудувачи на студентските избори, кои ќе бидат ангажирани најмалку еден ден во периодот од 27.11.2019 до 6.12.2019.

Набљудувачите треба да бидат во можност да присуствуваат на избирачко место на некој од факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во период од 8 до 18 часот, најмалку еден работен ден во периодот од 27.11.2019 до 6.12.2019, кога се закажани претстојните студентски избори.

Заради потребите на набљудувањето на студентските избори, Младински образовен форум ќе организира задолжителна обука за набљудувачи на 23 и 24 ноември 2019 година во хотел „Романтик“ во Велес. На обуката ќе се одржат предавања за Законот за високо образование, Факултетските и Универзитетските студентски собранија, Студентско организирање, Процес на кандидирање и избирање на студентски претставници, со особен фокус на процесот на гласање и броење на гласовите на деновите на студентските избори.

За набљудување на студентските избори Проектот ќе обезбеди дневен надоместок и покривање на патните трошоци на денот на изборите. Заинтересираните кандидати за набљудувачи треба да го пополнат овој формулар најдоцна до 17 ноември 2019 (недела).

За повеќе информации, обратете се на тел: 071 218 791 или на policy@mof.org.mk

Повикот е во рамки на проектот „Ангажирање на младите за студентски и младински политики“ поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail