Повик за поддршка на студентски проекти

Povik-za-poddrshka-na-studentski-proekti.jpg

Повик за поддршка на студентски проекти

Повик за поддршка на студентски проекти

Комисија за студентски проекти
Машински факултет – Скопје

Комисијата за студентски проекти на Машинскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, објавува повик за поддршка на проекти за работа со студентите на Машинскиот факултет.

Избраните проекти ќе бидат финансиски и логистички поддржани од Машинскиот факултет – Скопје, а како главни извршители ќе се јават студентите во соработка со наставниот и соработничкиот кадар на факултетот.

Максимални средства кои може да бидат распределени во рамките на овој повик се 300.000 денари. Не е ограничена максимална сума по проект или минимален број на проекти.

Правилникот за избор на студентски проекти и образецот за поднесување на предлог проект можете да го најдете на следниот линк www.mf.edu.mk/studproekti

Поднесувањето на предлог проектот се врши со испраќање на пополнет и потпишан Образец А – Формулар за поднесување предлог проект на следната е-mail адреса: prodekan.nastava@mf.edu.mk и архивата на факултетот, најдоцна до 15.9.2018.

 

Формулар за поднесување предлог проект

Правилник за избор на студентски проекти

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail