mamei-2.jpg

Се уште студирате или штотуку сте дипломирале? За прв пат влегувате на пазарот на труд? Заинтересирани за проширување на Вашето искуство и CV? Асоцијацијата на метална и електро индустрија (МАМЕИ) има потреба од мотивирани студенти и/или дипломци за платено практикантство.

Кандидатите треба да поседуваат солидно познавање на англиски јазик и да бидат компетентни во користењето на Microsoft Office, a познавањето на дополнителни странски јазици (особено германски), како и на софтвери за графички дизајн (особено Adobe Photoshop) ќе се третираат како предност.

Практикантска позиција опфаќа организација и логистика на бизнис настани, комуникација со компании, како и раководење со социјалните медиуми на асоцијацијата.

За аплицирање, поднесете кратко резиме и писмо за намера од околу една страна на англиски јазик, на [email protected] или [email protected] со предмет “MAMEI Internship 2020“. Крајниот рок за аплицирање е 31 јануари 2019.

Напоменуваме дека, апликациите поднесени по кистекот на овој рок нема да бидат земени предвид. Врз основа на апликациите, ќе се направи потесен избор на кандидати со кои ќе се спроведат индивидуални интервјуа во првата половина на месец февруари.

За повеќе информации за Асоцијацијата, посетете ја www.mamei.mk.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail