Повик за предлози во рамки на програма на НАТО – наука за мир и безбедност

mon.jpg

Стипендии за студии и истражувања во Република Словенија за академската 2021/22 година

ПРОГРАМА НА НАТО – НАУКА ЗА МИР И БЕЗБЕДНОСТ (SPS)

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОЗИ 2021/1

 отворен само за повеќегодишни  проекти (MYPs)

Постојаната Делегација на Република Северна Македонија при НАТО во Брисел известува за можноста Република Северна Македонија да биде дел од Програмата на НАТО – Наука за мир и безбедност (Science for Peace and Security (SPS) Programme) заедно со останатите НАТО земји членки и земји партнери на НАТО.

Преку учество во оваа Програма, македонските експерти и научници ќе можат да бидат дел од иновативните решенија за денешните безбедносни предизвици и да работат рамо до рамо со експерти, научници и официјални лица од НАТО земјите членки и земјите партнери на НАТО, на активности поврзани со безбедноста во форма на 4 воспоставени механизми за грант, и тоа:

1.    Повеќегодишни истражувачки и развојни проекти (MYPs)

2.    Настани во следните формати:

а. Работилници за напредни истражувања (ARW)

б. Курсеви за усовршување (ATC)

в. Институти за напредни студии (ASI)

Овој повик за предлози ги бара само апликациите за повеќегодишни проекти (MYPs). Предлозите може да се однесуваат на кој било од клучните приоритети на SPS Програмата. Поради ограничените патувања и собири, карантинот и барањата за тестирање поради COVID-19 пандемијата која е во тек, апликациите за настани поддржани од SPS Програмата не може да бидат доставени во рамките на овој повик.

Предлозите треба да бидат подготвени заеднички од научници или експерти од најмалку една НАТО земја членка и една земја партнер на НАТО, и да бидат поврзани со стратешките цели на НАТО. Секоја апликација мора посебно да одговори на еден или повеќе клучни приоритети на SPS Програмата.

Подетални информации во врска со повикот за аплицирање може да се најдат на следната веб страница: https://www.nato.int/science/call-proposal/200902-SPS-Open-Call-for-Proposals-MYPs.pdf

Сите прашања поврзани со поднесување на апликации може да ги адресирате на: [email protected]

Комплетираните апликации треба да бидат поднесени електронски на: [email protected]  ( во предмет /Subject на вашиот е-маил треба да биде наведено  “Call for Proposals January 2021”).

Крајниот рок за доставување апликациите:

 15 Јануари 2021  (23:59 по централно европско време)

Извор: МОН

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail