Повик за соработка со Универзитетот во Казан, Русија

mon.jpg

Министерството за образование и наука информира за повик на Државниот универзитет за архитектура и инженерство во Казан, Русија (http://ksuae.kgasu.ru) до сите заинтересирани академски институции, училишта, агенти во Република Северна Македонија за соработка преку регрутирање на студенти за студирање на дуална програма која се одвива во соработка со Универзитетот во Источен Лондон (https://uel.kgasu.ru).

Станува збор за програма за додипломски студии по архитектура во траење од пет години и четиригодишни студии по градежништво кои се одвиваат на англиски јазик. Оваа дуална програма исто така предвидува и двoнеделна летна школа на Универзитетот во Источен Лондон.

Соработката помеѓу двата универзитета се одвива од 2012 година и досега пет генерации студенти успешно ги завршиле студии и се стекнале со дуална диплома во Велика Британија и Русија.

Новата студиска година започнува од октомври 2020 година. Сите дополнителни информации за студиската програма, условите за прием, деталниот процес на аплицирање и формулар за студенти, можат да се најдат на следната веб страница: https://uel.kgasu.ru.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail