Повик за студенти за Мрежа на подмладок на воздухопловство

8779f785bcfd963444b2987ce08d221b_XL.jpg

Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, бара студенти кои би биле дел од Мрежата на подмладок на воздухопловство (Young Aviation Network – YAN).

Целта на програмата е да создаде цврста и продуктивна мрежа од млади студенти низ Европа чии професионални аспирации се насочени кон воздухопловството, преку учество во двонеделна развојна програма од 1ви до 15 јули, 2020 година во Брисел.

За таа цел Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип бара студенти кои би се пријавиле и би биле дел од овој предизвик.

Апликанти може да бидат сите студент од машки и женски пол на возраст од 18 до 22 години.

За аплицирање е потребно:

1. Europass CV на Англиски јазик (https://europass.cedefop.europa.eu/documents/curriculum-vitae)

2. Кратко Мотивациско писмо во кое ќе ги наведат аспирациите кон воздухопловството.

Бараните документи да ги достават по е-маил на: [email protected] до 05.02.2020 година.

Трошоците за обуката се покриени од организаторот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail