Повик за учество на стручна онлајн работилница на тема „Невромаркетинг“

Nevromarketing-event.jpg

Институтот за инженерска економија и Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ организираат стручна онлајн работилница на тема „Невромаркетинг“.

Работилницата ќе се одржи онлајн преку платформата Zoom на 28 јануари со почеток од 18:00 часот. Предавач на работилницата ќе биде проф. д-р Сашо Манасов, одличен познавач со теоретско и практично знаење и учество во истражувања за невромаркетинг, и креатор и менаџер на лабораторија за невромаркетинг на МСУ „Г. Р. Державин“.

Дополнително сите учесници добиваат:

  • сертификат за учество и
  • печатено издание – книга „СОВРЕМЕН НЕВРОМАРКЕТИНГ – потрошувачка неврологија: однесување на потрошувачите од перспектива на мозокот“ (колор издание, 150 страници). Изданието ќе биде испратено на учесниците по пошта, по одржување на работилницата.

Невромаркетинг


НЕВРОМАРКЕТИНГ – револуционерно поле на маркетинг истражувања: потрошувачка неврологија која го проучува мозокот (софтвер кој интегрира и синхронизира повеќе биометриски сензори кои овозможуваат увид на човечки психо-физиолошки појави) за да го предвиди однесувањето и донесувањето одлуки на потрошувачите.

Работилницата ќе биде составена од три делови:

  • Современ невромаркетинг. Биосензори и нивна примена.
  • Презентација на практични реализирани проекти од невромаркетинг во светот.
  • Интерактивна дискусија, поставување прашања и споделување информации за можности за учество во меѓународни истражувачки проекти и истражувања.

Пријавување и котизација


Пријавувањето се прави на [email protected] или на 076 499 577.

Котизација: 2490 денари по лице. За пријавени тројца или повеќе учесници од исто правно лице следува по 20% попуст по лице.

Примач:
Институт за инженерска економија;
жиро сметка: 200002690444081 (Стопанска банка);
со назнака „За работилница невромаркетинг“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail