Повик за учество на Трета студентска конференција за историја, археологија и класични студии „Деконструкција на Балканот“

c509a4ea219c1d899c9876309fdc6b26_XL.jpg

Институт за историја и археологија, Универзитет „ГоцеДелчев“ – Штип

Институт за историја, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

во соработка со ISHA (International Students of History Association) – Скопје

По иницијатива на студентите на Институтот за историја и археологија при Факултетот за образовни науки на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Институтот за историја при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје се објавува Повик за учество на Трета студентска конференција за историја, археологија и класични студии со наслов „Деконструкција на Балканот“.

Повикот е наменет за студентите на додипломски и постдипломски студии по историја, археологија, класични студии и останати сродни науки.

Студентската конференција ќе биде одржана на 15 мај 2019 година во просториите на Факултетот за образовни науки во Штип. Секој учесник ќе има на располагање 15 минути за да го презентира својот труд.

Студентите кои сакаат да учествуваат треба да достават апстракт за својот труд, а рокот за доставување на апстракти е до 30 април 2019 година. Апстрактите и трудовите се доставуваат на македонски или на англиски јазик на: conference.istarh@gmail.com
Правилник за изработка на трудовите

Структура на трудот

Наслов со големи букви, болд, 12;
Име и презиме на авторот или коавторите, болд, 12;
Aпстракт напишан на македонски или на англиски јазик (да не содржи повеќе од 250 збора);
Клучни зборови, 3-5 клучни збора кои не се содржани во насловот;
Вовед;
Главен дел;
Заклучок;
Библиографија.
Подготовка на трудот

Ракописот треба да биде изготвен во согласност со следниве правила: да биде напишан на македонски или на англиски јазик во MS Word, на А4 формат, со употреба на Arial (со МК поддршка за кирилиско писмо), со фонт 12, проред 1,5, со порамнување лево и десно (Justify) низ целиот документ и маргини: долу, горе, лево и десно (2,54 cm) и нумерирање на секоја страница.

Цитирање

Списокот на цитирана литература (библиографија) се составува според азбучниот ред на авторите, а доколку се цитираат повеќе референци од еден автор истите се поредуваат во списокот на цитирана литература хронолошки од поновите кон постарите датуми на објавување.

За книга

Нацев Т., (2013). Антиката во брегалничкиот басен, Штип, 182-186

За научни списанија

Ѓорѓиев В., (1991). Апелот на македонскиот таен револуционерен комитет од 1898 година, Гласник на Институтот за национална историја, XXXV, 136-138

За зборници

Ончевска–Тодоровска М., (2009). Термалниот комплекс во Скупи, Зборник на трудови на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица, 76

За презентација од конференција или научен собир

Чепреганов Т., Николова С., (2015) Толеранцијата и учебниците по историја во мултиетничко и мултиконфесионално општество – македонски случај, Научно-стручна конференција Состојби, предизвици и перспективи во воспитанието и образованието во Р. Македонија, Штип, Р. Македонијa

За веб-страница

Статистички завод на Република Македонија (2009). Статистички годишници на Република Македонија. Преземено на 4 март 2009 г. http://www.stat.gov.mk

Трудовите можат да бидат изработени од еден автор или од двајца коавтори. Еден автор може да достави само еден труд, а како коавтор може да се јави во друг труд.

Трудовите ќе бидат рецензирани од професорите на Институтот за историја и археологија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и објавени во Студентско научно списание за историја и археологија во електронска верзија по завршување на конференцијата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail