Повик за учество во „Еразмус денови 2020“ за сите студенти

Povik-za-uchestvo-vo-Erazmus-denovi-2020-za-site-studenti.jpg

Повик за учество во „Еразмус денови 2020“ за сите студенти

Започнете ја новата студиска година во духот на програмата Еразмус плус и збогатете ја вашата Еразмус+ колекција со интересна награда.

Четвртото издание на Еразмус плус деновите #ErasmusDays 2020  ќе се организира на 15, 16 и 17 октомври преку најразлични онлајн настани низ цела Европа.

Без оглед на тоа дали сте биле Еразмус плус студент или сте учествувале во оваа програма преку некоја друга Еразмус плус иницијатива, овој настан е одлична можност да го споделите своето искуство и да се поврзите со Еразмус + алумните од цел свет.

Минатата година беа организирани 3995 настани во 53 различни земји. УГД секоја година активно учествува во прославувањето на Еразмус + деновите и оваа година исто така ќе биде дел од оваа иницијатива.

Оваа година во центарот на вниманието се нашите АЛУМНИ Еразмус плус студенти. Во изминатите 3 години над 300 студенти од УГД имаа можност да бидат дел од оваа програма. Веруваме дека нивното искуство ќе може да ги инспирира и мотивира останатите студенти и затоа оваа година ги покануваме нашите АЛУМНИ да ја споделат својата приказна преку фотографија или видео!

Кој може да учествува во оваа иницијатива?

  • УГД студенти кои учествувале во Еразмус плус мобилноста преку студиска размена или пракса.

Како да учествувате во оваа иницијатива?

  1. Раскажете ја вашата Еразмус + приказна преку фотографија и текст.
  • Авторските права на фотографијата треба да бидат испочитувани.
  • Фотографијата треба да биде креирана за време на размената.
  • Приказната на фотографијата треба да биде опишана до максимум 200 зборови.

Секоја фотографија треба да има најмалку 72 dpi и hashtag #erasmusnaugd

  1. Раскажете ја вашата приказна преку видео.
  • Видеото треба да биде креирано од студентот и мотивот да биде поврзан со Еразмус плус програмата.
  • Може да содржи елементи од размената, кратка порака или нешто слично.
  • Видеото треба да биде максимум 2 минути.
  • Видеото треба да биде снимено така што во кадарот ќе биде присутен елемент кој ќе асоцира на Еразмус (лого, маица, каков било Еразмус плус дизајн).
  • Во видеото треба да биде наведен хаштагот #erasmusnaugd.

Испратете ја вашата фотографија или видео најдоцна до 10 октомври на електронската адреса [email protected] со назнака: за Еразмус+ денови 2020.

Најкреативните содржини ќе бидат наградени со Еразмус плус брендирани производи: Еразмус плус чанта за лаптоп, Еразмус плус чаша или Еразмус плус маица.

Ги очекуваме вашите содржини!

Извор: УГД

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail