POSTER-SHAHOVSKI-2017-Medium.jpg

Меѓународниот Славјански Универзитет како организатор Ве поканува да земете учество на дводневен аматерски шаховски турнир со стручна помош на членови од битолскиот шаховски клуб. Турнирот ќе се одржи на 22 и 23 декември 2017 во големата конференциска сала на нашиот универзитет во Битола, со почеток од 11:00 часот.  Линк до настанот на Facebook.

Турнирот е наменет за членови на шаховски клубови и аматери од 15 до 27-годишна возраст.

  • Судија: Миодраг Јазаџиевски

Игра:

  • Темпо на играње 10 минути со додаток 5 секунди по потег, почнувајќи од првиот потег (10’ + 05”).
  • Швајцарски систем, 9 кола, по правилата на ФИДЕ за забрзан шах.

Наградeн фонд:

Најдобрите тројца шахисти ќе ги добијат следниве награди:

1 место: ЛАПТОП + Златна плакета
2 место: ТАБЛЕТ  + Сребрена плакета
3 место: ШАХОВСКИ СЕТ  + Бронзена плакета

Следуваат специјални плакети за:

• Најдобрата шахистка
• Најперспективниот млад шахист (до 18 години)


При делба на место одлучува:

  • Бухолц – 1 (без најлош противник)
  • Бухолц
  • Поголем број победи
  • Прогрес
  • Скратен прогрес

Програма:

  • прв ден I-VI коло, со пауза измеѓу трето и четврто коло,
  • втор ден, СИМУЛТАНКА со велемајстор Влатко Богдановски и доигрување на последните три кола
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail