mon.jpg

Врз основа на член 14-a од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на РМ„ бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА – Педагошка служба, објавува

ПОВТОРЕН ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС

за учество во комисија за давање мислење по доставени предлози за исправки и/или дополнувања во текстот на учебникот, а истите не преставуваат повеќе од 30% од содржината на учебникот по предметите:

– Иновации и претприемништво (проектна активност) – гимназиско II година,
– Иновации и претприемништво (проектна активност) – гимназиско III година,
– Работа со компјутер и основи на програмирање за 4-то одделение,
– Српски јазик за 6-то одделение,
– Јазик и култура на Власите (изборен) за 7-мо одделение,
– Српски јазик за 7-мо одделение,
– Јазик и култура на Власите (изборен) за 8-мо одделение,
– Јазик и култура на Власите (изборен) за 9-то одделение,
– Иновации за 9-то одделение,
– Турски јазик за 9-то одделение,
– Јазик и култура на Власите (изборен) за 6-то одделение,
– Албански јазик за 6-то одделение,
– Албански јазик и книжевност (изборен) за 6-то одделение,
– Етика на религии (изборен) за 6-то одделение,
– Запознавање на религиите (изборен) за 6-то одделение,
– Ликовно образование за 6-то одделение,
– Македонски јазик за учениците од другите заедници за 6-то одделение,
– Техничко образование за 6-то одделение,
– Турски Јазик за 6-то одделение,
– Ликовно образование за 4-то одделение,
– Јазик и култура на Власите (изборен) за 3-то одделение,
– Јазик и култура на Ромите (изборен) за 3-то одделение,
– Српски јазик за 3-то одделение,
– Турски Јазик за 3-то одделение,
– Турски Јазик за 1-во одделение,
– Физичко образование за 6-то одделение,
– Етика за 7-мо одделение.

Заинтересираните кандидати за учество во комисија за давање мислење за измена повеќе од 30% од содржината на учебниците по горенаведените предмети за деветгодишно основно образование треба да ги исполнуваат следните услови:

– да се наставници/соработници од факултети од областа на наставниот предмет за кој е наменет учебникот (најмалку 10 години работно искуство во наставата) или

– да се наставници од основното односно средното образование за наставниот предмет за кој е наменет учебникот (најмалку 10 години работно искуство во наставата).

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

– уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кандидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),

– изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование;

– преглед на регистирани податоци во матична евиденција од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија.

Пријавата може да се преземе од следниот линк, или да се подигне во Министерството за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Св.Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.
Краен рок за доставување на пријавите е 13.12.2019 година.

Некомплетните или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail