Повторно во продажба: Најки патиките со потпис на Коби, се враќаат на пазарот

najki-patiki.png

Патиките на Најки со потписот на Коби Брајант се враќаат на светскиот пазар следната 2021 година, и тоа, како што говорат гласините – со надградена технологија.

Компанијата во јануари годинава, веднаш по неговата смрт, ги повлече патиките и другите реквизити со потписот на Брајант, заради спречување незаконско размножување на самата линија производи. Повлекувањето беше најавено како привремена мерка, поради преосмислување на натамошната маркетинг-стратегија на брендот.

Патиките на Брајант се меѓу најпопуларните на Најки, а особено се претпочитани меѓу кошаркарите на НБА.

Легендарниот кошаркар активно учествувал во самото дизајнирање на патиките со негов потпис од 2010 година, кога тој првпат ги претстави како дел од Лос Анџелес лејкерс во натпревар против неговиот Најки „соперник“ Леброн Џејмс и неговите Мајами хит.

Оригиналниот дизајн во зелени нијанси, на пазарот за препродажба достигнува понуди од 1.500 до 3.600 долари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail