Позади бајката„Грдото пајче“ се крие вистинска трагедија потажна од секоја приказна

rruzno-pace-111118.jpg

Данскиот писател Ханс Кристијан Андерсон е познат по бајките како „Палчица“, „Малата сирена“, „Принцезата на зрно грашок“…

Едно од неговите најголеми дела секако е и „Грдото пајче“, бајка за која малку знаат дека станува збор за еден вид на автобиографија.

Да се потсетиме, на крајот се испостави дека „грдото пајче“ всушност е лебед чие јајце случајно се истрклало во гнездото на патка. Слично на тоа, иако Андерсон израснал како сиромашен син на чевлар и перачка, долго се зборувало дека всушност е вонбрачен син на данскиот принц. Поточно, дека не е некое пајче, туку племенит лебед.

Вистинската приказна е уште помрачна. Ханс Криситијан Андерсон бил чуден, повлечен, слабо дете кое никогаш немало многу пријатели.

Со години трпел шеги и малтретирање на своја сметка, а тоа довело до депресија од која писателот тешко се опоравил.

Не е ни чудо што една од последните реченици во бајката е таа со која денес се мотивираат многу луѓе што патат од оваа болест.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail