Познат светски иноватор: Aко има вонземјани сигурно не гледаат

Илон Маск тврди дека суперинтелигентни вонземјани можно е да го набљудуваат човештвото без ние да го знаеме тоа.

Маск смета дека ако веќе постојат такви суперинтелигентни видови, многу е веројатно веќе да нѐ набљудуваат, но тој исто така потенцира дека човештвото не е толку интелигентно за да го сфати тоа. Иако овој став е малку груб кон човештвото, Нил де Грас Тајсон во една пригода кажа сличен став.

Ставовите на Маск и Тајсон нудат можно решение на парадоксот „Ферми“, контрадикцијата помеѓу математичката поддршка дека вонземјаните мора да постојат и нашиот недостиг од доказ дека тоа е така. Маск исто така наведува и на различно утврдена хипотеза која го решава „Ферми“ парадоксот – хипотеза на зоолошка градина. Оваа мисла, претставена од астрономот Џон А. Бал во 1973 година, објаснува дека вонземските цивилизации можат да бидат доволно напредни за да знаат како да не влијаат врз нашето примитивно општество, но нѐ набљудуваат и проучуваат оддалеку.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail