Познати уметници и дизајнери ќе ги споделат своите искуства со студентите

eurm.jpg

На Европскиот универзитет РМ утре ќе се одржи клиничка настава за студентите од Факултетот за арт и дизајн со реномирани професионалци од областа на уметноста и дизајнот.

Гостите ќе споделат искуства од своите реализирани проекти, досегашни соработки и достигнувања.

Предавања ќе одржат Милан Стојанов, академски графичар и креативен арт директор во Агенцијата за маркетинг и комуникации “Публицис”, Стојан Павлески, архитект и магистер по сликарство, еден од членовите на STONE DESIGN и Горан Менков академски сликар, сопственик на FLUX галеријата во Скопје.

извор: vecer.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail