Пракса на далечина: Front-end девелопер

praksa.jpg

Менторираната пракса на далечина наменета им е на студентите од техничките факултети а се реализира преку следење практична настава од дома под водство на искусни ментори кои ќе го надгледуваат нивниот напредок, ќе го оценуваат нивниот труд и ќе им го пренесуваат своето искуство на најефикасен можен начин.

Праксата е составена од три дела:

  1. теоретски дел,
  2. практичен дел, и
  3. менторски сесии.

Програма: HTML, CSS, JavaScript, jQuery, Aptana, GitHub, Responsive design

Праксата студентите може да ја реализираат во било кој дел од годината, со обем, распоред и динамика кој нив најмногу им одговара, со можност за паузирање за време на испитни сесии.

По завршувањето на праксата студентот:

  • ќе добие потврда за реализирана практична настава,
  • ќе стекне нови или ќе ги усоврши постоечките вештините неопходни за вработување,
  • ќе има свое дигитално портфолио,
  • ќе ја зголеми својата вредност на пазарот на трудот,
  • ќе добие можност за вработување кај партнерите на академијата

За повеќе детали и пријавување посетете ја страната: http://blog.everest.mk/praksa-na-dalecina/

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail